Приведен дилер на Бит Пазар

од Nikola Popovski

На 15.03.2023 во 13.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини