175
На 16.01.2023 околу 20.00 часот во с.Идризово, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје приведен е Ш.Ј.(45) од Гостивар, кој се барал со потерница поради бегство од Казнено-поправна установа Идризово каде издржувал казна затвор. Воедно при легитимирањето, пријавениот употребил лажни хрватски документи на име Л.Ј., сооопштуваат од МВР.
За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветни поднесоци поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по чл.378 и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво од чл.380 од Кривичниот законик.