Приведен крадец, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

од Destan Jonuzi

На подрачјето на Чаир од полициски службеници од ЕВР Чаир синоќа во 19 часот бил лишен од слобода В.Б.(43) од с.Агино Село, поради тоа што бил затекнат на извршување кривично дело „кражба“ во правен субјект, каде бил вработен, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од него биле одземени две цистерни и приколка, како и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело, прикачени на патничкото возило „фолксваген туаран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини