Приведен криумчар од Скопје, со товарно возило превезувал мигранти од Ирак

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионален центар за гранични работи „Југ“, на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Неготино вчера го лишиле од слобода Х.А.(51) од Скопје. Тој со товарно возило „мерцедес“ , кое го управувал, удрил во заштитна ограда на автопатот.

Како што информира денеска МВР, поради сознанија дека превезува мигранти, било извршено пребарување на теренот и во близина на местото биле пронајдени три лица мигранти од Ирак, од кои двајца малолетници, кои потврдиле дека пред незгодата се превезувале во возилото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини