Приведена жена по опожарувањето на возило во Делчево

од Vladimir Zorba

Шеесет и две годишна жена од Делчево е приведена по опожарување на возило кое утрово се случи на булевар „Македонија“ во Делчево.

По опожарувањето на возилото, до полицијата доставена е видео снимка од надзорна камера, по што е приведена шеесет и двегодишната (Н.Д), која била забележана на снимките од камерата во близина на возилото, кое потоа почнало да гори.

Против сторителот, по разгледување на случајот, од полицијата најавија дека ќе биде превземен соодветен поднесок.

Слични содржини