Приведени криминалци барани со потерници поради бегство од затвор

од Nikola Popovski
386 прегледи

Денеска (03.09.2024) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(33) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Исто така, денеска (03.09.2024) околу 13.25 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од казнено – поправна установа.

Лицата ќе бидат спровeдени во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини