Приведени тројца битолчани, се обиделе физички да нападнат советници од градот

од Stefanija Kuzmanovska

На 28.12.2022 во 21.20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привеле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив.

Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини