Привремено прекината потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско езеро

од Vladimir Zorba

Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови, но рано изутрина продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен вчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16 – годишен малолетник од Ресен.

Надлежните служби денеска преземаа мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Слични содржини