По данскиот концепт hygge, скандинавска наука за уживање во моментите кои нешто ви значат, во тренд е холандскиот концепт никсен кој подразбира уживање во неработа како форма за ослободување од стрес.

Зборот никсен во буквален превод значи „да не се работи ништо“, а овој животен стил подразбира состојба на мрза и не потсетува дека моментите во кои не сме продуктивни имаат голема вредност.
Иако воркохолиците ќе помислат дека никсен е досаден начин на живот, неодамнешните психолошки студии покажаа дека досадата е изненадувачки плодна за менталното здравје.
Сепак, стручњаците нагласуваат дека никсен е исто што и ментално опуштање, туку фантастична дигресија и темелно уживање во паузите.
„Тоа се бесцелни активности како гледање низ прозорец, дружење или слушање музика“, вели тренет за ослободување од стресот Каролин Хаминг.
Место преокупирање со мисли дека треба да бидеме активни, продуктивни и од ден во ден да си поставуваме се повеќе задачи кои треба да ги завршиме, во состојба на никсен земаме пауза, го одмараме мозокот и на тој начин ги полниме „батериите“.