СДСМ продолжува со креирање дневна политика во недостаток на конкретни идеи, исто како што ја водеа и владата, така ја водат и опозицијата, обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Продановски. Тој од прес центарот на собранието оцени дека предлозите на СДСМ за минималната плата се несериозни и служат само за собирање политички поени. Продановски нагласува дека токму СДСМ ја втурнал Македонија во економска криза, а сега се обидува да се прикаже како економски иноватор. „Прочитани се“, велат Продановски.
,,СДСМ продолжува со креирање на дневна политика во недостаток на идеи, како што ја водеа и владата, така ја водат и опозицијата, со мерки на промашени мерки. Политиката на промашени мерки за оданучувањето и солидарниот данок сега со несериозни предлози за минималната плата мислат ќе им донесат ситни политички поени. Истите тие кои ја втурнаа македонија во сиромаштија сега се претставуваат како економски иноватори. Прочитани се” изјави Продановски.
Продановски нагласи дека Владејачката партија откако ја презела власта, платите на сите образовни работници и здравствениот сектор се покачени, а најавено е и вработување на 600 специјализанти и 1.200 здравствени работници. Освен тоа, платите во МВР и јавната администрација исто така ќе бидат зголемени.
Продановски нагласи дека со ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата ќе расте согласно законот, а доколку синдикатите и работодавачите постигнат договор во економско-социјалниот совет, владата ќе го прифати предложеното зголемување.
„Додека СДСМ критикува, ние исплаќаме евтини кредити за стопанството, а општините веќе аплицираат за вториот инвестициски повик. БДП во четвртиот квартал забележа раст од 3,2%, а во последните месеци од 2024 година беа реализирани рекордни странски инвестиции во вредност од 400 милиони евра, додека за 2025 веќе се договорени инвестиции од над 300 милиони евра“, нагласува Продановски.
Продановскиги повика пратениците на СДСМ да гласаат за Законот за технолошки индустриски зони, со кој се предвидуваат нови инвестиции во вредност од 300 милиони евра. „Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме да се грижиме за граѓаните и за економскиот напредок на државата“, порачаа Продановски.