Роковите за легализација на дивоградбите со измената на Законот, пред неколку дена во Парламентот, се продолжени. Секој кој пропуштил во периодот за легализација во 2013. да достави барање, сега може тоа да го направи до 31 март 2016 година.

timthumbcscasc

Се продолжуваат роковите до 31 март 2016 година за оние кои пропуштиле од различни причини да достават барање.

– Оние, пак, кои пропуштиле да достават елаборати, значи доставиле барање, но не доставиле елаборати, може да го направат тоа до 31 декември 2016 година, а оние кои пропуштиле тогаш барање да достават, а сега ќе го достават до 31 март, елаборатите ќе можат да ги достават до 31 декември 2017 година, изјави премиерот Груевски.

Ова не значи дека за новите што почнале да градат дивоградби после Законот за легализација, се дозволува повторно легализирање. Ова продолжување е за оние кои тогаш кога се носеше Законот за легализација на дивоградби од различни причини не стигнале да поднесат барање или не стигнале да го поднесат елаборатот.

Слични содржини