Продолжува нелегалната сеча на дрва: Се откупуваат за ниска цена и се носат на продажба во Струмица

од Aleksandar Todeski

Во сенка на случувањата со коронавирусот, продолжува масовната нелегална сеча на дрва во малешевијата, пишува „Ден“. Според информациите на порталот, нелегално исечените дрва се носат во село Двориште, а потоа се откупуваат по многу ниска цена, од 1.200 или 1.300 денари по кубик, а потоа се носат во Струмица, каде се продаваат по 2.700 до 3.500 денари по кубен ментар дрва.

Информациите до кои дојдовме говорат дека лицата В.М., О.М. и Р.П., добро познати на надлежните институции, го вршат ова препродавање, а моменталната состојба им дозволува послободно да продолжат со транспортот и продавањето на нелегално исечените дрва.

„Ден“ дознава дека дрвната маса се пренесува со нерегистрирани камиони за што сопствениците не поседуваат лиценци, а поголемиот дел од нив немаат ниту возачки дозволи, ниту пак лекарско уверение кое е потребно за вршење на таа дејност.

Целата оваа ситуација се премолчува и од припадници на струмичката полиција, кои според нашите информации, го премолчуваат нелегалниот транспорт за по најмалку 1.000 денари од тура, или пак за по неколку метри кубни дрва, кои потоа им се оставаат во струмичките села, за они да си ги однесат дома.

Целата сторија прочитајте ја на Ден.мк

loading...

Слични содржини