Претседателот на Република Кипар Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи денеска ќе остварат средба во четири очи во рамки на директните преговори, на кои се бара решение за повторно обединување на островот.

07102014164919_nikos_anastasiadis

Кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис изјави дека преговорите меѓу двете страни постигнале напредок за значајни теми. Меѓутоа се уште постои разминување и несогласување, за други, исклучително важни прашања. Тој изрази надеж дека за тие теми ќе се зборува во ноември, кога се очекува средбите на двајцата лидери да станат поинтензивни.

– Решението на кипарскиот проблем треба да ја земе предвид загриженоста на двете етнички заедници, а не само на едната. При тоа, решението не смее да има победници и поразени, изјави кипарскиот претседател.

Слични содржини