Продолжуваат рочиштата за предметите на СЈО

од desk2
136 прегледи

Денеска, по еден месец пауза, продолжува рочиштето за случајот „Титаник“, а на обвинителна клупа се враќаат ексфункционерите Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, заедно со Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко и други 12 лица.

 

Во обвинението од СЈО, тие се товарат за злосторничко здружување, поткуп при избори, уништување на изборен материјал, но и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања во 2012 година. Претходното рочиште беше одложено поради бременоста на ексминистерката Гордана Јанкулоска, па рочиштето беше презакажано.

Во текот на месецот, ќе се одржат и нови рочишта за предметот „Тврдина-Таргет“ кој се однесува на незаконското прислушкување и уништување на системите во УБК, и „ТНТ“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на Фијат Цаноски.

Слични содржини