Продолжуваме со промените нема да го предложи Петков за старо-нов премиер

од Nikola Popovski

Бугарската партија Продолжуваме со промените (ПП) нема да го предложи Кирил Петков за старо-нов премиер, изјавил потпретседателот на Бугарското собрание, Атанас Атанасов.

Според него, одлуката била донесена доцна синоќа во Советот.

Атанасов додал дека одлуката ќе биде објавена денеска и ПП треба многу брзо да ги започне преговорите со потенцијалните коалициски партнери за нова влада.

Тој одбил да го каже името на новиот кандидат за премиер, но коментирал дека тој е од партијата.

„Ако сериозно ќе се работи на создавање на нова влада, не може да биде на чело со Кирил Петков. Гледам дека ПП реши сериозно да пристапи“, додал Атанасов.

Тој коментирал дека се зголемуваат шансите за создавање нова влада и истакнал дека за неколку часа се ќе стане јасно.

Слични содржини