Компанијата „Биохакс“ успешно спроведе проект за инсталирање на поткожни чипови од компании во Шведска. Дури три илјади луѓе се решиле за вградување, а локалните власти им дале поддршка со воведување можност за плаќање на билети за воз со чип. Компанијата се надева на голем напредок на пазарот на ЕУ.
Шведска го регулира чипирањето на луѓето со закон, така што во таа земја 3000 луѓе веќе ја искористија можноста да инсталираат био-чип помеѓу палецот и показалецот на едната рака
Со инсталирање на чипови, луѓето во Шведска можат да ја отворат вратата за допир или само кога ќе ја доближат раката близу до рачката, а многумина се согласиле од медицински причини. Имено, чипот може да се програмира за да го потсети пациентот кога да го земе потребниот лек, како и кое шише или кутија со лекови да го користи, за да не погреши.
Чипот во раката е во состојба да дејствува како електронски паричник, да се користи за плаќања со допир, доколку делува како платежна картичка, билет за воз или сензор за препознавање во компанијата (за влез, овластување, пристап, итн.). Исто така, сензорите се користат за лесно отклучување на автомобилот, за следење на одредени телесни функции, за контрола на уредите во околината и на многу други повеќе или помалку корисни начини.
Следна станица Италија
Следна станица за ширење на бизнисот е Италија, пишува „Euronews”. Ерик Ларсен, Швеѓанец на чело на тамошниот огранок, наведува дека чека само одобрение од италијанското министерство за здравство.
Кога ќе го добие, се очекува во Милано и Рим чип доброволно да вградат околу 2.500 луѓе.
„Оваа технологија настана за да ни помогне. Тоа е како да имате мали супер моќи”, објаснува Ларсен.
„Повеќето луѓе не сфаќаат дека нашите чипови немаат “GPS” и дека ние не ги следиме клиентите. Но јасно е дека луѓето се плашат бидејќи за слична технологија имаат видено само во холивудските филмови”, вели Ларсен.
„Лично, тука не гледам ништо лошо. Тоа е пасивна технологија, ја контролира сопственикот. Треба да бидете многу блиску за податоците да се вчитаат. Ни вградувањето не е болно, како да ве боцнала оса”, вели шведскиот “IT” експерт Мартин Левин, кој веќе три години има два чипа во раката.
„Станува збор за иста технологија како кај картичките во банките, и ризиците се исти. Постои можност некој да го фати сигналот. Уште поголема е компликацијата ако идните верзии следат податоци за вашето здравје или ако содржат други приватни информации”, вели Роб ван Ајк од Европскиот форум за иднина на приватноста.
Компанијата истакнува дека нема причина за страв. Голема револуција и масовно користење на чиповите очекуваат со развојот на технологија со која чипот ќе функционира како паричник.
„Се надевам дека плаќањето ќе стане главна функција. Очекувам иднина во која чипот ќе стане некоја врста на мобилен идентитет“, вели Левин. Преговорите за Италија веќе се водат во тој правец со „Водафон“ и „Пеј Пал“, а британската компанија „Био Тек“ развива технологија за бесконтактни чип плаќања и се надеваат дека во скоро време ќе има резултати.