Проекција на филмови во рамките на „Фестивалот на тркала“

од desk2
124 прегледи

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од 20 до 22 декември ќе се проектираат повеќе филмови од најновата европска кинематографија во рамките на „Фестивалот на тркала“.

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да уживаат во филмски остварувања од различни жанрови од Швајцарија, Германија, и Италија.

Стружани ќе имаат можност да ги погледнат: „Принцот на криминалот“, „Планинско чудо: неочекувано пријателство“, „Темна судбина“, „Хитлеров Холивуд“ и „Голијат“.

Влезот за сите проекции е бесплатен.