Стратешкиот план на САД нема драстично да се промени, не треба да се очекуваат драстични промени во стратешките планови на Доналд Трамп во однос на НАТО, вели за „Локално“ Универзитетскиот професор Злате Димовски.
Според него не е за изненадување што Трамп има намера да воведе зголемување на воените издатоци за земјите членки на НАТО кои треба да изнесуваат 5%, но смета дека ова значајно зголемување во споредба со досегашните 2 до 2,5%, нема да наидат на поволна клима во рамките на Европската унија.
„Она што е стратешки план на америка не верувам дека дефинитивно ќе се промени, но сметам дека Трамп има некоја идеа како евентуално да наметне дополнително зголемување на издатоците и тоа би било околу НАТО и тој тоа одамна го заговара, да се плаќа 5% наместно досегашните 2 до 2,5% во зависност од тоа која држава колку плаќа, така што неговата идеа сака да ја спроведе по пат на да кажеме сега во овој период да кажеме наложување, да не речам уценување во овој дел, и сметам дека нема да наиде на поволна клима во рамки на европската унија“, изјави Димовски.
Димовски смета дека Европската унија, во рамките на своите ресурси, може да обезбеди сопствена сигурност во однос на нејзината одбрана и воена моќ. Димовски исто така верува дека Русија не планира напад на Европа, но смета дека Европската Унија мора да размислување на стратегијата и можноста за нов концепт на одбрана.
„Досегашните напори беа да се одговори на севкупните барања на НАТО и практично таму се вложува најголемите средства и се очекува одбранбената моќ да биде зголемена со членството во НАТО. Меѓутоа воопшто не е спорно дека Европската Унија може во рамки на сопствените сили она што го располага практично, да си обезбеди своја безбедност да кажеме, инаку не би го прифатил мислењето дека ќе се вооружува и дека ќе се брани од Русија. Русија нема да ја нападне Европа, туку едноставно треба да се размислува НАТО концептот не успее како што смета и Трамп дека ако се зголемат давачките сигурно нема да прифатат поголемиот дел од државите. Тогаш сигурно ќе мора да се размислува за друг тип на одбрана во рамки на европската унија зошто сепак се повеќе држави коишто имаат голема воена моќ и сметам дека со добар концепт и добра стратегија ќе се направи тоа“, изјави Димовски.
На прашањето дали Европа може, генерално, да се одбрани без помош од САД од можни напад и од Русија, професорот Димовски смета дека разумот ќе преовладува во односите помеѓу Русија и Европа и дека нема да дојде до воен конфликт.
„Верувам дека ќе провлада разумот, а втора работа Русија никогаш не би се осудила да ја нападне Европа, пред се зошто Европа е голема територија со многу моќни држави и сметам дека е алузија која тешко ќе може да се оствари“, изјави Димовски
За Димовски не е спорно дека Америка е доминантна сила во воената индустрија, но смета дека Европа не заостанува во однос на ова прашање, како и Кина.
„Во досегашниот период се дозволи Америка да доминира со вооружувањето и да развие соодветни техники, но ништо не е конечно, ако Америка излезе со различен концепт, тогаш Европа има на располагање сопствени сили, а тука е и Кина која што има големо воено производство, а има и други држави коишто водат во рамки на тие воени ресурси, односно за севкупните воени капацитети коишто може да ги зголемат, односно вооружувањето, што значи ништо не е завршено и сето тоа е концепт и за кратко ќе стане јасно дека не е остварлив“, изјави Димовски
Димовски смета дека Македонија треба да го следи концептот на НАТО. Според него за очекување е како земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е да ги поддржиме напорите за вооружување на Европска во согласност со можностите кои ги поседува државата.
„Ние добро ја најдовме својата шанса во НАТО и ние мора да се задржиме во тој концепт и во таа насока да се движиме. Факт е дека ние сме дел од Европа територијално, така што едноставно заедно со Европските држави, со онаа наша амбиција да станеме дел од Европа сигурно дека ќе ги поддржиме натамошни напори за вооружување на Европската унија за одбрана во рамки на сопствените можности. Сигурно дека ние не сме држава која може офанзивно да делува, ние сме дефанзифци кои ја бранат својата територија“, завршува универзитетскиот професор Димовски.
Д.Ѓ.