Професионален фудбалер се изјасни дека е геј, имал и лажна девојка

од desk3
107 прегледи

Германски фудбалер од клуб кој се натпреварува во германската трета лига, призна дека е хомосексуалец.

Тоа се случи во социјалната платформа Reddit, и всушност предметното лице остана анонимно. Таму тој се води под псевдонимот Eckfahne – корнер знаменце.

638-397-gej

Фудбалерот открива дека игра во трета лига и дека е на 20 години. Покрај тоа признава дека заработува околу 9.000 евра месечно . Според него, сепак, ако ја признае својата сексуална ориентација, ќе плати многу повеќе, затоа нема намера да се открие јавно.

Играчот додава дека неговото семејство не знае, само неговите најдобри пријатели, вклучувајќи и девојче кое се претставува негова партнерка пред неговите соиграчи.

Запрашан кои фудбалери ги смета за привлечни, одговара -Мануел Нојер, Јосуа Кими и Матс Хумелс.