Ова го изјави професорот кој успешно го предвиде Брекзит, изборот на Трамп и случувањата во Италија.

До крајот на годината ЕУ ќе се распадне. Оваа страшна прогноза ја направи професорот од американскиот Универзитет Браун Марк Блајт во интервју за ББЦ.
Тој се прослави со своите верни предвидувања уште минатата година, кога упорно тврдеше дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори и ќе биде следниот претседател на САД.
Блајт кој е Шкотланѓанец и е професор по политичка економија. Тој ги распозна сите факти околу Брекзит.
Тој исто така направи исклучително верна прогноза за политичките процеси во Италија, резултатите од референдумот и повлекувањето на Матео Ренци.
Според професорот ЕУ може да се распадне пред Британија да го активира член 50 од Лисабонскиот договор, кој би дал почеток на излегувањето на кралството од ЕУ.
Според него, не е исклучено Марин Ле Пен да победи на изборите за претседател на Франција, што сепак ќе има тешки последици за Франција.
Имаме избори во Франција и не е исклучено “Национален фронт” Марин Ле Пен да биде кандидатот на вториот круг, тогаш сите други ќе формираат широка коалиција против неа, изјави професор Блајт.