Професорка заради секс со ученици доби 30 дена затвор

од desk2
402 прегледи

 

Поранешна професорка по физичко воспитување од Охајо доби 30 дена затворкса казна поради секс со тројца ученици.

Тифани Ајчер Ејхлер (36) им се извини на учениците и на нивните семејства пред да ја слушне казната.

Таа призна дека имала секс со тројца ученици, со двајца на возраст од 18 и еден од 17 години. Една од средбите се случила во класот по наставата.

Освен месец во затвор, таа доби и три години условно, 300 часа општествено-корисна работа, парична казна од 1.000 долари , а ќе мора да ги плати и трошоците за советување на своите жртви.

Во казната спаѓа и пишување есеј за причините кои довеле до секс со ученици и за тоа што ја нзавели на такво однесување.