Младата актерка Мили Боби Браун, ѕвезда на серијата „Stranger things“, прогласена е за една од најсексапилните актерки на телевизија.

Познатиот магазин W ја објави својата листа на најсексапилни актерки, а меѓу ѕвездите се најдоа Никол Кидман, Кери Расел и Џејмс Франко, но и актерката Мили Боби Браун.
Тоа што сите ги изненади зошто уредништвото ја ставило неа на листата е фактот што таа има само 13 години.
„Како девојче од 13 години може да биде секси“, прашање е што многумина ги мачи.
Затоа на интернет се поведе вистинска дебата, особено заради актуелната тема во Холивуд поради сексуалното злоставување. Многумина сметаат дека со рангирање девојче на оваа листа, магазинот охрабрува педофилија.
„Да се стави Мили Боби Браун на листа на најсексапилни жени е чиста педофилија. Таа е само девојче. Тоа не е секси. Има 13 години. Доста!“, „Колку треба да си болен за да ставиш дете на ваква листа? Колку мора да бидеш болен за да сметаш 13-годишно девојче за секси?“. Кога ја видов листата на магазинот W изгубив надеж дека нашето човештво оди во вистински правец“, се дел од коментарите на револтираните читатели.