Декорацијата за велигденскaтa маса е нешто што е не помалку важно од јадењата на трпезата. Велигден е најголемиот христијански празник во пролет. Затоа е соодветно да ставиме на маса и свежи пролетни цвеќиња !Фото: Thinkstock

Еве кои се најпогодните цвеќиња за декорација на празничната трпеза на Велигден.

Крин

Според некои верувања, белиот крин е симболичен цвет за Велигден. Според некои преданија, цветот го симболизира Христовото воскресение. Легендите раскажуваат дека на местото каде капнале Христовите капки крв, никнале бели кринови.

Од оваа легенда некои католички народи сметаат дека белиот крин е симбол на чистотата и божественоста на Христос.

Маргарита

Прекрасните и свежи маргаритки исто така имаат посебно место на велигденската трпеза. Тие се многу миризливи и го нагласуваат духот на празникот со свежина и убавина.
Жолт нарцис

Нарцисите се јакожолти пролетни цвеќиња со незаборавен мирис. Тие се меѓу најпопуларните цвеќиња, погодни за велигденската трпеза.

Процут нив има многу во април.
Нарцисите ја симболизираат силната врска меѓу луѓето. Тие се уште симбол на почитта кон личноста.

Хризантема

Хризантемите симболизира бодрост и свежина. Тие се меѓу најпопуларните пролетни цвеќиња. Белата хризантема претставува и цвеќе кое е олицетворение на вистинитоста.

Лалиња

Нема поомилени пролетни цвеќиња од лалињата! Тие се претставници на страста и љубовта. Тие се срцето на Велигден. Ставете букет свежи нежни лалиња на празничната трпеза – тоа ќе донесе исклучително расположение во семејството и домот!

Зумбул

Зумбулот – уште едно пролетно милениче! Меѓу сите цвеќиња, тој можеби е најпогоден за празничната трпеза. Зумбулот има незаборавен мирис, кој го исполнува за минути целиот дом.
Моќта на мирисот “инфицира” со љубов и топлина водомот и семејството и на тој начин го прави празникот уште попријатен и поврзувачки.

Слични содржини