Променливо облачно, ветровито и свежо со локален дожд

од Vladimir Zorba
72 прегледи

– Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на денешниот ден. УВ-индексот ќе изнесува 6. 12092014133932_dozdovo

Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.