Промоција на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“

од Vladimir Zorba

На Градскиот плоштад во Куманово денеска ќе биде промовирана заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“.

На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Целта на кампањата е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство меѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Слични содржини