Промоција на книгата „Се гледаме на врвот“ на албански јазик

од Vladimir Zorba
127 прегледи

 

 Книгата „Се гледаме на врвот“ на албански јазик на авторот Коста Петров ќе биде промовирана вечер во книжарницата во чаршијата. 

„Се гледаме на врвот“ ја доживеа својата македонска промоција пред речиси пет години и е продадена во повеќе од 12.000 примероци. Следниот месец книгата ќе биде промовирана и во Косово и Албанија.

Албанското издание на „Се гледаме на врвот“ ќе биде достапно за продажба веќе од 20 декември во книжарниците на Издавачкиот центар „Три“, сите поголеми книжарници во земјата, како и онлјан на www.kniga.com.mk.

Четирите книги на Коста Петров, „Се гледаме на врвот“, „Стравот“, „Нашето последно кафе“ и „Никој не рече дека ќе биде лесно“ се продадени во повеќе од 25.000 примероци.