Промовиран романот „Овде или во вечноста“ од Билјана Тинтоска

од desk2
482 прегледи

 

Синоќа, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп беше промовиран првиот роман на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска, насловен „Овде или во вечноста“.

Романот чија тема се децата одземени од родителите изобилува со емоции, среќа, радост, болкат, борбат, копнеж…

Промоцијата на првиот роман на Билјана Тинтоска беше исполнет со голем емотивен набој. Читањето на делови на романот, кој меѓу другото, раскажува за вистинска семејна драма за деца кои биле одземени од биолошките родители, ги трогна присутните во градската библиотека во Прилеп,.

„Ова е мој прв објавен роман, во издание на Матица Македонска. Посебно е чувството кога се промовира првенец, како да се обзнанува новороденче. Навистина сум пријатно изненадена од многубројно присуство на роднини, пријатели, драги колеги, а посебно на моите драги ученици. Емоциите се силни и не можат да се искажат со зборови“, рече професорката Тинтоска.


Романот е прозна творба, конципирана како становиште од две димензии. Едната димензија ја опфаќа раскажувач, инволвиран како директен учесник во настаните, а другата е набљудување од страна.

„Темата во романот е комбинирана, па опфаќа семејни, емотивни, социолошки и религиозни димензии. Темата е животот и сите сегменти што го сочинуваат подеднакво: среќата, радоста, болката, борбата, копнежот. Но, над се се издигнува љубовта како врвна категорија, љубовта – онаа безусловната, чија суштина и олицетворение е Бог. Љубовта, во сите свои варијанти, ми беше инспирација. И се надевам дека овој текст ќе им биде поттик на младите генерации да ги запазуваат вистинските вредности и да се стремат кон совршена и вистинска љубов, која е мост меѓу минливото и вечното. Искрено верувам дека младите, па и сите луѓе, ќе ги сфатат вистинските вредности на книгата, како ризница на духовното богатство на човекот“, вели авторката.

Билјана Тинтоска професионално е вљубеник во македонската реч,литертура и јазик, бидејќи е и професор по македоснки јазик во СОУ „Ѓорче Петров“, ментор на драмската секција, а со литература се занимава од нејзинот дестството.