Пронајден кокаин, приведен дилер од Скопје

од Берта Китинска

На 29.09.2021 во 19.30 часот на ул.„Букурешка“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ѓ.(29) од Скопје.

При претрес во негов стан, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Слични содржини