Пронајдени 10 мигранти во „рено лагуна“ на патот Слупчане-Ваксинце

од Aleksandar Petrovski

На локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, синоќа околу 23,50 часот полициски службеници од Полициска станица Белановце патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, пронашле 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Какошто денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна“, кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени мигрантите.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Слични содржини