Британската полиција пронајде три пакети експлозивни направи на два аеродроми – Хитроу и аеродромот во Лондон Сити , како и во станицата Ватерло во британскиот главен град. Одделот за борба против тероризмот започна истрага, јави Би-Би-Си.

Бомбите биле ставени во коверти . Според полицијата, случаите може да бидат поврзани. Известено е дека експлозиите се отстранети , никој не е повреден.
Првите извештаи за сомнителни пакети се појавија ова утро. Првиот од нив беше пронајден на аеродромот Хитроу, во Центарот за инфо. Во текот на следните три часа, исто така, беа најдени и другите две.
“Овие коверти – бели пликови и жолти коверти – се пронајдени како најверојатни експлозивни направи, кои можат да се активираат “, соопшти полицискиот оддел за борба против тероризмот. 
Две од трите пратки испратени до станицата Хитроу Ватерло биле залепени со ирски маркици. И ирската полиција е вклучена во истрагата. Ковертите се рачно напишани, што може да ја олесни работата на експертите.
Компас центарот, кој е во административниот дел на Хитроу, останува затворен. Дел од територијата на станицата Ватерло е блокиранаа. Привремено евакуираните луѓе се наоѓаат во дел од аеродромските згради во Лондон Сити.
Инцидентите не влијаеле на визниот ред на авионите и возовите.
Министерот за транспорт, Крис Гралинг, ги повика граѓаните да бидат будни.