Пронајдени две безживотни тела во автомобил – припадник на српската Жандермерија ја убил љубовницата, па се самоубил (видео)

од Nikola Popovski

Две безживотни тела се пронајдени утрово на патот меѓу Батајница и Нова Пазова, соопшти српската полиција. Министерството за внатрешни работи се уште нема никакви детали.

Сепак, „Новости“ пишува дека сомничи 31-годишен маж, татко на две деца, кој бил припадник член на српската Жандермерија. Тој во автомобилот ја убил љубовницата, па се самоубил.

Возилото го пронашла полициска патрола, која ги пронашла безживотното тело на мажот на возачкото седиште и една жена на патничкото седиште во оштетениот автомобил.

За мотивите за оваа трагедија се претпоставува дека се љубовни проблеми. Исто така, Новости наведува дека член на Жандармеријата не бил на должност.

Во моментот полицијата го истражува местото и автомобилот каде се пронајдени телата, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и за околностите под кои се случила трагедијата.

 

Слични содржини