Пронајдени фосилни остатоци од праисториска пирана

од desk2
158 прегледи

На југот на Германија научници пронајдоа фосилни остатоци од риба што живеела пред 150 милиони години, а имала препознатливо остри заби како и денешните пирани.

Научниците ги анализирале забите и заклучиле дека станува збор за долги шилести заби на горната вилица и триаглести заби на долната вилица. Рибата ги користела забите за распарчување на парчиња месо и делови од други риби.

Покрај овие фосилни остатоци пронајдени се и остатоци од други риби кои праисториската пирана ги напаѓала и јадела. Овие фосилни остатоци се многу важни бидејќи претставуваат врска меѓу два периоди, времето на диносаурусите и модерното време.

Пираните денеска живеат во слатките води на Јужна Америка, а во Амазон има скоро 20 различни видови. Интересно е што праисториските пирани се пронајдени на место каде некогаш постоело море.