Пронајдени, кокаин, екстази, марихуана, приведени лица – акциска контрола во угостителски објекти во Скопје

од Vladimir Zorba

Вечерта 19/20.03.2022 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл. 215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачје на град Скопје извршија контрола во два угостителски објекта, при што е извршен преглед над дeсетина лица, од кои кај две лица е пронајдена марихуана.

Лицата се лишени од слобода и против нив ке бидат поднесени соодветни кривични пријави. По дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож.

Од слобода е лишен Д.А (23) од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ. Засилени контроли продолжуваат и во наредниот период.

Слични содржини