Пронајдено едно од телата во авионот на Сала

од Vlatko K
119 прегледи

Едно од телата на Емилијано Сала и пилот Дејв Иботсон е забележано меѓу остатоците пронајдени
на дното на Ла Манш. Во неделата, авионот беше пронајдено на дното до островот Гернзи, речиси
две недели по неговото исчезнување.


Единицата за испитување на воздухопловните несреќи ги потврди информациите за авионот
претходно денес.

Нуркачите го откриле телото на еден од двајцата. На видеата на експертите може да се види или
патникот Емилијано Сала, или Дејв Иботсон, но телото не е идентификувано.

Во моментов, единицата за истраги размислува за тоа кои ќе бидат следните чекори. Тие ќе ги
консултираат нивните семејства и полицијата.