Пронајдено телото на момчето кое вчера се удави во Брегалница

од Берта Китинска
340 прегледи

Вчера во 16,13 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил.

На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт. По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Слични содржини