Камион кој се користеше за украсување на Плоштадот Македонија за свечениот пречек на ракометарите на Вардар за освоената шампионска титула во ракометната Лига на шампиони, пропадна во фонтаната.
Ракометарите пред малку слетаа на аеродромот „Александар Велики“ каде беа дочекани од огромен број навивачи.
Според агендата за свечениот пречек, откако ќе се качат на свечениот двокатен автобус, кој го организира град Скопје, тие на плоштад треба да пристигнат во 13 часот.

