Пропагандниот канал на Путин: Ако сакате стабилен Балкан вратете ја Југославија

од desk2
102 прегледи

Со оглед на тоа дека Russia Today ја финансира руската држава и дека станува збор за медиумски проект чија задача е да ги промовира интересите на Владимир Путин, вреди да се обрне внимание на тоа како го доживуваат Балканот.

Russia Today објави интересен коментар на Нил Кларк, свој редовен конментатор кој пишуваше и за низа британски медиуми, а во кој се анализираат актуелните напнатости во регионот и како решение на проблемот нуди обновување на Југославија.

Во текстот се наведува „дека сите проблеми во регионот произлегуваат од насилното распаѓање на мултиетничка Југославија во деведесеттите, што беше процес кој западните сили го поддржуваа и активно го охрабруваа“, и очекувано, се критикува што влијателниот американски тинк тенк Council on Foreign Relations (CFR) смета дека Русија е факторот што најмногу ја дестабилизира ситуацијата на Балканот, пренесе Index.hr.

RT смета дека сите потенцијални кризи кои сега се закануваат на регионот не се по вина на руските политики туку се „последици на поранешните американски и западни интервенции и кампањи“. Се прозива CFR затоа што го брани опстојувањето на Босна и Херцеговина и прашува зошто е важен незиниот територијален жинтегритет ако САД ја поддрѓуваше независноста на Косово и правото на самооределување на тамошното албанско население.

„Зошто тогаш не беше важен територијалниот интегритет на Југославија?“, прашува RT во коментарот.

Се истакнува дека „многумина во регионот се носталгични за Југославија“ и се спомнува минатогодишната анкета на галуп во која повеќето испитаници од Србија, Црна Гора, Босна и Хервеговина и Македонија, како и 45 отсто од СЛовенцијте (која се смета за најуспешна од сите поранешни југословенски републики), сметале дека распадот на Југославија било лоша работа.

„Југославија на народите на Балканот им даде не само стабилност туку и економска сигурност. Имаше смисла што народите од регионот одлучија да се обединат во федерална држава“, се нагласува во кометарот на RT и се додава: „Југославија постигна големи успеси во подрачјето на културата, спортот, уметноста, образованието и човечкиот развој. нејзиното уништување беше трагедија не замо за луѓето на Балканот туку и за целото човештво“.

RT заклучува дека место сега „силни југословенски држави имаме низа мали, економски слаби држави на Балканот“, а тоа им одговара на „империјалистичките намери на САД, и дека е „единствен начин проблемите на Балканот да се решат враќање на минатото“. Предлага „постепена реконструкција на југословенската федерација“, а кој со Албанија би „потпишала спогодба за пријателство“, а можеби и да и понуди приклучување.

„Југославија имаше смисла во 20 век, а има смисла и денес“, констатира во коментарот објавен на RT.

Потсетуваме дека на почетокот на 2017 година идејата за нова Југославија прв ја изнесе претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој по преземањето на должноста претседател на прашањето дали сака да створи нова Југославија рече дека се работи за старата Југославија плус Албанија.

„Тоа е политичка идеја без загрозување на суверенитетот на тие држави. Да се подигне економијата. Нам ни е потребна стапка на раст од 4, 5 отсто годишно, а не три. Тоа не е доволно“, рече Вучиќ.

На прашањето како мисли да постигне таква сорабтка со оглед на тензиите во соседството, Вучиќ рече дека тоа успеал Тито.

„Беше комунистички диктатор, но многу паметен човек. Бравар, можете да замислите? Но, многу паметен. Знаеше како да ги поврзе луѓето… Тоа е она што ни треба. Да ги поврземе луѓето“, додаде Вучиќ