Прошетка од 25 минути дневно го продолжува животот 7 години

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Дневна прошетка од околу 25 минути може да го продолжи животот на практикувачите до 7 години, тврдат научниците.Germany Weather

Според студија редовните прошетки го намалуваат на половина ризикот од смрт кај инфаркт. Дури и луѓе кои немале вежбано додека не влегле во седмата деценија, може сериозно да го подобрат своето здравје со движење. Санџај Шарма, професор кардиолог во Лондон, тврди дека благата вежба може да ги преполови на ризииците од срцев удар кај луѓето на возраст од 50 или 60 години.

“Истражувањето е многу значајно. Тоа покажува дека кога луѓето кои вежбаат редовно, може дури и да го забават процесот на стареење. “Професорот додава дека луѓето не се во можност да престанат стареењето, но можат да го забават времето за кое ќе остарат. Освен тоа е сосема можно, кога човек има 70 години, да изгледа многу помлад и да доживее до 90 години.

“Вежбите ќе ви дадат помеѓу 3 и седум дополнителни години живот. Станува збор за вистински антидепресив кој ја зголемува когнитивната функција и сега има докази дека може да биде одложена појава на деменција. “Научникот дава совет кога знаеме дека местото, за кое сме тргнале, се наоѓа на 20-тина минути пешачење, ако располагаме со време да се прошетаме до таму, а не да чекаме градски превоз, пишува . “Дејли Меил”.

Истражувањето за користа од секојдневната прошетка беше направено од страна на тим на Саарландскиот универзитет во Германија. Во програмата беа вклучени луѓе кои не правеле вежби, но се наоѓале во добра здравствена состојба. Проф. Кристи Дитон од Кембриџскиот институт за јавно здравје е на мислење дека колку поактивен е човек, независно од возраста на која ќе почне тоа да го прави, толку поголема корист ќе има за него.