Прослава на 4 Јули во САД: Парада на Трамп, концерти и огномет (видео)

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Националниот ден на САД, Денот на независноста, денеска ќе се одбележи низ целата земја со паради, концерти, необични натпревари и, се разбира, огномет. Прославите на 4-ти јули нема да поминат без политика, бидејќи претседателот Доналд Трамп во Вашингтон распореди тенкови, бомбардери и други воени машини, кои традиционално ја изразуваат воената моќ на земјата.

Огнометот во организација на стоковната куќа Мејсис на Ист Ривер во Њујорк ќе биде меѓу најголемите во земјата.

Оркестарот од Бостон, Попс ќе одржи вечер концерт на брегот на реката Чарлс, кој ќе биде завршен со огномет. Се очекуваат десетици илјади да присуствуваат а најавено е учество и на раперката и актерка Квин Квин Латифе и пејачот Арло Гутри.

Најстарото обележување на Денот на независноста е на Бристол Роуд Ајленд. Прославата започнува на 14 јуни, кога се празнува Денот на знамето, а завршува со парада на 4 јули, на која обично присуствуваат 100.000 луѓе. Годишните прослави во овој град започнаа во 1785 година.

На 4 јули, низ САД, многу имигранти ќе добијат американско државјанство на специјални церемонии.

Најсвечено ќе биде во Вашингтон, каде што граѓаните ќе имаат можност да гледаат тенкови, бомбардери и друга воена опрема. Парадата, според медиумите, ќе чини околу 2,5 милиони долари.

Трамп, сепак, напиша на својот Твитер профил дека тоа ќе биде „претстава на животот”.

Пентагон се обидува да организира надлетувања на бомбардери Б-2 Стелт и други воени авиони над Националниот мол, парк каде што граѓаните се собираат во Вашингтон.

Во парадата ќе учествуваат борбени авиони Ф-35 и Ф-18, Акробатски тим на Сини ангели, хеликоптери на армијата и крајбрежната стража и Марин В-22 Оспреис.

Две борбени возила „Бредли” беа видени вчера во близина на Меморијалниот центар Линколн, каде што Трамп ќе одржи говор за прославата на Денот на независноста.

Американската армија им порача на жителите на Вашингтон да не паничат ако ги видат тенковите на улиците по повод Денот на независноста.

Владата на Дисстриктот Колумбија возврати – „Tanks, but no tanks“ напишаа тие на Твитер.

Тие го потсетија Пентагон дека лани рекле дека тенкови може да оштетат улици во градот.

Областа Колумбија објави дека очекува федералната влада да плати за каква било штета предизвикана од движењето на тенковите.

Над Националниот Мол, ќе се појави и авионот на претседателот (Ер Форс уан) и хеликоптерот Марин уан.

Трамп, кој го најави настанот како „Поздрав до Америка”, рече дека воените лидери биле „воодушевени” да учествуваат.

Меѓутоа, воените функционери не можат официјално да речат дали се планира присуство на началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд.

https://www.youtube.com/watch?v=A4QVrMG1ERY

Слични содржини