Во обидите на градските власти да им овозможат на проститутките да отворат свој бордел како би ги подобриле условите на својата работа, во Амстердам е отворен т.н. “градски бордел”.
Како што пренесува Guardian, во иницијативата која ја започнало Градското собрание, отворени се 14 “излози ” кои се наоѓаат во познатиот Red Light District.
Во него ќе бидат запослени околу 40 сексуални работнички.
Од 2000. година проституцијата во Холандија е легална. Сопственците на фирмите од оваа гранка на бизнисот мораат да добијат дозвола за работа и да ги почитуваат градските правила.
Бидејќи професијата е легална, тие на државата и плаќаат и данок.
–