Протеинската салата на Ријана која не чини многу, а ќе ве најаде

од desk2
131 прегледи

Американската пејачка Ријана го откри рецептот за својот омилен оброк. Се работи за протеинска салата која ќе ве држи сити подолго време, а ќе го снабди организмот со потребни состојки.

Ѕвездата од Барбадос за емисијата “Esquire” откри дека главната состојка во нејзината салата е леблебијата, која е одличен извор на протеини, белковини и растителни влакна.

За едно лице потребно е:

100 гр варена леблебија
1/2 краставица
1/2 домат
2 парчиња кромид

сол и бибер по желба
1 лажичка маслиново масло
ливчиња босилек за декорација

Упатство:
1. Пред варењето на леблебијата треба да ја потопите во вода, за да набабри – најдобро е од вечер

2. Исецкајте ја краставицата, доматот и кромидот и помешајте ги со леблебијата.

3. Состојките добро измешајте ги и додадете сол, бибер и маслиново масло. Украсете со босилек.