Протекоа приказни за кралското семејство: Меган не разговара со Кејт

321 прегледи

Меган Маркл не разговарала со Кејт Мидлтон откако таа и принцот Хари одлучиле да ги напуштат своите позиции во кралското семејтво, рекол извор за UsWeekly.

Истиот извор тврди дека поранешната актерка никогаш не била посреќна и дека е многу среќна што конечно е надвор од Лондон.

„Кејт и Меган не разговаа откако се случи тоа. Меган се чувствува слободно, никогаш не била посреќна. Среќна е што не е веќе во Лондон. Изненадена е колку брзо се се случило. Знаела дека ќе се откаже од титулата, но брзината со која се се случило ги изненади сите. Мислеа дека на палатата ќе и треба повеќе време“, тврди изворот.

Меган и Хари на 8 јануари најавиија дека ќе се откажат од своите улоги во кралското семејство и дека ќе живеат независно од нив.Тоа го направиле без согласност од кралицата, но и без идеја како би функционирало тоа.

Иако тие сакаа да го напуштат само „половина“ кралското семејство, кралицата се одлучила за „најцврстиот можен избор“, според британските весници.

„Никој од кралското семејство никогаш не вратил пари“, напишал поранешниот секретар на кралицата за медиумите, „Тоа е апсолутно без преседан“.

Хари остана и без своите воени насови и покровителство со кои е награде откако отслужи две години во Авганистан и напредувал до чинот капетан. Меѓутоа, поранешниот секретар, тврди дека губењето на титулата „кралска висост“ е она што влегува во историјата на монархијата.

„Дури и кога Едуард VII абдицираше во 1936 го деградираа од Неговото Височество Кралот на Неговата Кралска Висост војводата од Виндсор“ рекол тој.

Принцезата Дијана била поразличен случај бидејќи таа својата титула ја стекнала со брак, а не со раѓање.

Првото прашање со кое ќе се соочат Хари и Меган се финансиите. Sky News објави дека принцот Чарлс ќе продолжи да му дава финансии на својот син. Хари најверојатно има своја заштедевина, а Меган имаше заносна актерска кариера. Сега размислува за тоа да поткрене своја сопствена линија здравствени и велнес прозиводи.

Sunday Times прашал извор од Бакингемската палата дали Хари и Меган ќе бидат во можност да заработат од брендот Sussex Roya; кој правно го заштитија.

„Тоа е единственото подрачје кое се уште се разгледува“, рекол изворот.

„Во превод: кралицата не е баш сигурна во тоа“, додава Тајмс.

Британската јавност не е баш најсреќна и задоволна со фактот дека Хари би заработувал милиони само затоа што е кралски потомок.

„Хари тоа што е станал случајно, со раѓање.Кога би заработувал милиони, би било погрешно“, рекла Пени Јуниор, новинарка и кралска биографка.

Слични содржини