
Ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп на затворањето на истоимениот фестивал, протестираше против одлуките на жирито и во име на актерите од ансамблот, Владимир Ѓорѓијоски кажа дека публиката заслужува многу повеќе од хировите и личните интереси на членовите на жирито. Додаде и дека се поклонуваат на публиката како единствен меродавен оценувач, со надеж дека нештата во македонскиот театар ќе тргнат на подобро, информира sdk.mk
„Овој фестивал е поголем од сите нас. Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси. Оваа публика заслужува многу повеќе. Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач“, го прочита Ѓорѓијоски ставот на прилепскиот ансамбл.
Целиот текст можете да го прочитате тука