ПРОТЕСТ ВО АТИНА: Фрлени молотови коктели, уапсени 52 лица

од Nikola Popovski

52 лица беа уапсени во Атина за време на студентските протести одржани во средата, соопшти синоќа полицијата.

Наведено е дека полицијата била нападната пред парламентот од група од 200 лица, кои се одделиле од главниот протестен митинг, на кој имало околу 5.000 демонстранти, пренесе агенцијата АНА.

Нападот бил одбиен со солзавци, се вели во соопштението на атинската полиција, а кон членовите на законот биле фрлани молотови коктели.

Наставници и студенти во средата се собраа во центарот на Атина на протест организиран од Синдикатот во врска со новиот нацрт-закон за образование.

Предлог-законот воведува промени во системот за прием во високото образование, ги воведува полициските сили во кампусите, го ограничува бројот на години на студирање за добивање диплома и воведува многу други промени.

Слични содржини