Протести ширум Европа поради строгите ковид мерки: Илјадници луѓе на улиците

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Во многу градови во Европа, граѓаните излегоа на улиците во знак на протест против епидемиолошките мерки воведени за борба против коронавирусот.

Полицијата уапси неколку илјади демонстранти кои се собраа на улиците на европските градови, а беа организирани и поголеми демонстрации во Австрија, Унгарија и Белгија.

Полицијата порача дека ќе ги апси демонстрантите

На социјалните мрежи се раширија повици за демонстрации, па затоа белгиската полиција испрати порака на Твитер.

– Потсетуваме дека немате дозвола да излезете на улица и да протестирате. Оние кои сè уште имаат намера да го сторат тоа, ќе бидат уапсени – соопшти полицијата.

Протестите во Брисел беа организирани откако властите донесоа одлука за забрана за патување до први март 2021 година, а повеќе од 200 лица беа уапсени синоќа, пишува „Гардијан“.

Во Амстердам, главниот град на Холандија, околу 400 лица одржаа мирни протести.

Незадоволни од полицискиот час

Граѓаните на Виена испратија порака до властите дека не се задоволни од воведувањето мерки како карантин или полициски час. Се собраа околу 5.000 луѓе.

Демонстрантите собрани во Будимпешта ги повикаа угостителите да ги прекршат строгите мерки и да ги отворат рестораните. Строгите мерки се продолжени во Унгарија до први март и покрај рестораните, затворени се и сите поголеми продавници и трговски центри, пренесува „Аваз.ба“.

Полската полиција забележа и неколку прекршувања на строгите мерки. Имено, во оваа земја се забранета е работата на спортски клубови, спортски сали, хотели, ресторани и скијачки центри – но голем број луѓе одлучија да ги игнорираат овие мерки и да продолжат да работат и покрај ризикот да добијат голема парична казна.

Слични содржини