Протести во Лондон, демонстрантите извикуваат: Војната во Украина не е завршена

од desk4
92 прегледи

Стотици демонстранти го започнаа планираниот собир пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит пеејќи ја украинската химна. Собирот се случува додека европските лидери пристигнуваат на разговори за безбедноста на Украина во Ланкастер Хаус во близина на Бакингемската палата. Толпата држи големи украински знамиња и транспаренти на кои пишува: „Војната во Украина не е завршена!

Долж ѕидот на канцелартијата на премиерот на Британија е закачен транспарент долг неколку метри, на кој може да се прочита предупредувањето: „Кога ќе падне последниот украински војник, Путин ќе дојде по вас, дами и господа!“

Еден од учесниците на собирот на мегафон постојано извикуваше: „Благодарам Британија!“, а толпата гласно повторуваше.
Насобраните ја нарекоа Русија терористичка држава и му порачаа на светот да не ја изневери Украина.