Демонстранти фрлаат јајца врз српскиот Парламент за време на конститутивната седница.
Учесниците на протестот фрлаа со јајца и домати врз зградата на Надродното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата.
Полицијата се обиде да го казни лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, бидејќи е блокиран сообраќајот пред Парламентот поради протестот. Радуловиќ не е казнет бидејќи демонстрантите се упатија кон заштитната ограда поставена пред Парламентот.
Еден демонстрант е приведен откако скандирааше „Вучиќу шиптару ќе платиш за предавството“ и „Не го даваме Косово“.
Во Собранието на Србија денеска се одржува конститутивната седница. Вратите на Парламентот се затворени, а пратениците не ја напуштаат зградата.
Српското опозициско движење Доста беше (ДЈБ) синоќа одржа протестот пред Парламентот и најави дека денеска ќе го блокира Собранието за да не се одржи конститутивната седница, тврдејќи дека изборите се фалсификувани.