Почетна / TOP NEWS / Противничката на Лукашенко: Мнозинството граѓани се со нас

Противничката на Лукашенко: Мнозинството граѓани се со нас

Кандидатката на опозицијата, Светлана Тихановскаја рече вечерва по затворањето на избирачките места на претседателските избори во Белорусија дека „мнозинството граѓани се со неа“.

Тихановскаја рече дека не верува во официјалните резултати засновани на излезните анкети, според кои освоила 6,8 проценти од гласовите, а претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, 79,7 проценти.

„Јас верувам со свои очи и гледам дека повеќето од граѓаните се со нас. Мислам дека веќе победивме бидејќи го победивме нашиот страв, нашата апатија, нашата незаинтересираност“, рече Тихановскаја.

Изборната кампања беше обележана со невидена активност на опозицискиот кандидат во Белорусија, со која Лукашенко владее со цврста рака уште од 1994 година.

Руските агенции и опозициските белоруски медиуми објавија дека вечерва започнале протести во неколку градови во Белорусија и дека имало судири меѓу демонстрантите и полицијата и апсења во Минск.

Бројни припадници на полицијата се распоредени во белоруските градови, а повеќето се во Минск.

Лукашенко се избори за шести претседателски мандат на изборите.

Негов најголем ривал беше Тихановскаја, сопруга на популарен блогер кој е во затвор. зВладата не ги одобри кандидатурите на двајца од главните ривали на Лукашенко.

loading...