Протоколот за НАТО ратификуван во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД

од desk4
74 прегледи

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбуј ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.

Зелено свето за влез на Северна Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја членка на Алијансата. Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници со што земјава и официјално ќе стане 30.членка на НАТО