Проверка на фактите е она што го препорачува во својот извештај за фалсификувани вести експертската група на високо ниво на ЕК за ова прашање. Ова беше јасно објавено за време на заедничкиот брифинг на претседателот на групата, проф. Медлин де Кок Баннинг и бугарскиот комесар за дигитална економија, Марија Габриел.

Проф. Маделин де Кок Бенинг прецизира дека експертската група не препорачува создавање на црна листа за лажни вести, напротив – она што ги  советуваат експертите е проверка на фактите и тоа на транспарентен и отворен начин. Таа посочи дека е потребна проверка од неколку луѓе, па на крајот резултатот од неа да е сигурен, бидејќи нема “една вистина”.
Според Бенинг лажните вести не би биле проблем, ако луѓето се добро информирани во мултилатерален аспект.

Бугарскиот еврокомесар истакна дека она што се прави од работната група на високо ниво не е создавање на “Министерството за вистината” , туку напротив се оди на  транспарентност и вклучување на сите засегнати страни. Значи, секој што има идеи за решавање на проблемот може да го изрази своето мислење.

Марија Габриел наведе дека заедничкиот европски пристап кон феноменот на “лажни вести може да се идентификува до 21 април.

Во извештајот се разгледуваат дефинициите за дезинформации и добри практики за заштита на граѓаните, потпирајќи се на саморегулирање на медиумите и соработка со академски кругови . Дури тогаш можеме да зборуваме за заеднички европски пристап.
ЕК се очекува да објави соопштение за ова прашање на 21-ви април.

Лажните вести на интернет се шират побрзо од реалните

Според истражување на Евробарометар спроведено во периодот 7 – 9 февруари во сите земји членки на ЕУ со 26 576 испитаници, лажните вести се закана за демократијата за 83% од испитаниците. 
37% од испитаниците се соочуваат со лажна вест секој ден , а 71% од учесниците во анкетата се чувствуваат сигурни во идентификувањето нејзини. Со најголема доверба уживаат традиционалните медиуми Радио -70% и телевизија – 66%, печатот и списанијата се на трето со 63%.

За социјалните платформи проф. Маделин де Кок Бенинг изрази уверување дека тие се заинтересирани да направат овој чекор кон саморегулација .

  Извештајот на панелот дава голем број препораки за поефикасна борба против феноменот на “лажни вести”: препорачува промовирање на медиумската писменост за борба против дезинформации; да развијат алатки за борба против дезинформации, конкретно за потрошувачите и новинарите; да  обезбедат разновидност и одржливост на европските медиуми; да продолжи со истражувањето за влијанието на дезинформациите во Европа.